A grand don't come for free
Најновите вести за и од Арсенал се дека Алишер Усманов, вториот човек по број на акции и првиот по број на килограми во Арсенал, понудил да отплати дел од долгот за стадионот со намера да му овозможи на менаџерот и клубот да потрошат повеќе пари за играчи за наредната сезона. Оваа понуда сигурно ќе наиде на одобрување кај оној дел од навивачката база која отворено поддржува условно речено радикален рез во тимот и замена на играчкиот кадар.
Доколку внимателно се прочита изјавата на ’претставникот’ на Усманов, може да се види дека е малку нејасна. Имено, не се прецизира дали тој потег навистина претставува добронамерен подарок за Арсенал или едноставна замена на еден заем со друг. Ако стануваше збор за првата опција, се наметнува прашањето зошто Усманов едноставно не напишал и испратил чек до Арсенал за кој сите би му биле благодарни? Постојат и други можности за помагање на клубот покрај моето карикирање со чекот. Арсенал континуирано се обидува да ги продаде имотите од проектот Хајбери Девелопмент, чии средства се наменети за враќање на долгот за изградбата на стадионот. Никој не го спречил ’Ред енд Вајт’, компанијата на Усманов, да даде понуда и да купи имот со кој директно би учествувале во финансирањето на долгот со што Арсенал би бил ставен во поздрава финансиска состојба од онаа сегашната. Понатаму во самата изјава, особено во делот во кој се спомнуваат цените на годишните билети и ’немањето потреба’ да се покачат нивните цени, човек може само да препознае популистички пораки на кампања на подигање на рејтинг на човек кој реално има исклучително лош имиџ кај верните Гунери.
Но како што мојот англиски пријател Ејмос тврди ’In any event the club is not really in desperate need of more funds. Not that anyone would complain if more were genuinely generated’, со што во потполност се согласувам. И овака и онака Венгер ќе има доволно средства да инвестира во нови играчи и нови договори на постоечкиот кадар (Туре, Ван Перси и евентуално Галас би биле приоритети), а поучен од неговиот пред се прагматичен (и тврдоглав) пристап кон нештата, барем јас не очекувам масовни промени во играчкиот кадар. Таа заложба директно и индиректно ја потврдија и Адебајор, и Ван Перси, и Фабрегас во нивните неодамнешни изјави за неопходноста да се остане заедно и единствени во желбата да им вратат на навивачите за нивната поддршка годинава. Искрено, според мене дел од навивачите на Арсенал не заслужуваат многу повеќе од она што го добиваат, но тоа е тема за некој друг текст.
Конечно, неколку поста наназад тука се дискутираше за можни трансфери а Диана дури направи и еден вид ’желботека’, по што добив впечаток дека сеуште постои мислењето дека Арсен Венгер ја базира својата трансфер политика на купување на исклучиво млади и неискусни играчи што е една од главните причини за сушата во поглед на трофеи. Но, мал поглед на последните десетина трансфери на играчи што играат во клубот (што ги исклучува ликовите како Амаури Бишоф и омладината како Лук Фриман, Фран Мерида, Нејсер Баразит) се: Насри (етаблиран играч), Аршавин (исто), Силвестре (искусен, со дубиозен квалитет), Бакари Сања (без коментар), Ласана Диара (добар играч, идиот по струка), Едуардо (малер), Галас (најдобриот стопер кој го имаме), Денилсон, Сонг, Фабиански и Баптиста (дојде со голема репутација). Нешто пред нив дојдоа и Росицки, Хлеб, и Адебајор. 2005/2006 всушност е последната година кога Венгер купи поголема група тинејџери: тогаш пристигнаа и Траоре, Волкот, Диаби, Маноне и Бендтнер. Единствен младинец кој од тогаш наваму е купен и е пратен директно во првиот тим е Велшанецот Ремзи така што Венгер, барем што се однесува до играчите кои ги купувал, има направено определена промена. Сепак, разликата останува меѓу трансферите на конкурентите од топ 4: сумите потрошени на Торес и Роби Кин; Бербатов, Нани и Андерсон; Анелка, Малуда, Алекс, Босингва и Деко далеку ги надминуваат оние суми потрошени на нпр. Насри и Аршавин. Проблемот и слабостите демонстрирани на Арсенал во последните сезони покрај фамозното неискуство, се и заминувањата не некои, повторно условно речено, клучни играчи во последниве неколку години: лани тоа беа Хлеб, Фламини, Жилберто Силва; пред 2 години Хозе Рејес и Јенс Леман, а претходно Тиери Анри, Кешли Кол, Сол Кемпбел и незаменливиот Паскал Сиган. За некои од нив и постои реално објаснување и оправдание, но за други едноставно заминувањето беше или лоша политика или лоша проценка (од обете страни). Втората грешка во која се влезе по заминувањето на истите е задоцнетата или неадекватната замена - големите товари кои паднаа на рамењата на играчи како Денилсон, Бендтнер, Адебајор, Волкот, Сонг, Алмуниа, Сендерос, Џуру, Диаби и секако Фабрегас некои од нив не ги издржаа. Очекувањата беа преголеми а достигнувањата недоволно добри за стандардите поставени од нивните претходници.
Затоа цврсто сум уверен дека политиката на носење нови ’таленти’ на свои 14 и 15 години полека ќе секне: уигрувањето на овој тим (чиј среден ред сеуште има просек од некои 23-24 години) и веќе ургентната потреба за трофеј на новиот стадион ќе ги остави Карлинг купот и резервите како единствена можност за пробив на веќе постоечката (добра) генерација на младинците на Арсенал - оние кои играат во финалето на младинскиот куп и водат во финалето на разигрувањето за шампиони во лигата. Она што можам да предвидам е суплементирање на постоечкиот кадар со талент како оној на Аршавин во исклучително мали бројки (еден -двајца играчи максимум) нормално под претпоставка доколку некој од веќе присутните не побара заминување или е прогласен како вишок во соблекувалната.

17 коментари:
Првиот по број на килограми,јако е!
Може за ужинка да ги изеде Аршавин,Волкот,Денилсон и другите „грамади“ во тимот.
Нека дава пари, нека дава.
Ништо не се праи со ваков состав, мора уште 3-4 топ играчи да дојдат.
A, zoki trener da bide :)))))))
hopeless
zoki, on ne dava pari, on pozajmuva. zosto bi pozajmuvale od nego koga vekje imame pozajmeno od drugi?
voedno ova znaci deka treba da go procitas postot kako sto treba.
Ako dava so pomali kamati neka pozajmat od nego :P ke zastedat nekoja funta za plati
A, ako dava 5 godini grejs period?
А ако дава без кондоми?
Боље да дава така, зашто инаку ти е исто ко да мирисаш цвеќе преку гас маска! :)
Заслужено зима Манчестер.
Среќен роденден Бране!
http://arseneknowsbest.wordpress.com/2009/05/14/up-close-and-personal-with-jack-wilshere/
Rosicky returns to full first-team training
omg it's true or I dream it :)
vistina e do utre!
Венгер:
“There is a massive difference between the away fans, who are absolutely fantastic, and the home ones. It is always that negative way of thinking, that the players do not care. If we do not get there next year \ then I am responsible and will stand up for it. But what this team needs is people who are fans of the club.”
А не како Зоки
hahah Damn u're right
Адебајор го сака клубот.
Post a Comment