
Денешното привју решив да го почнам со мало потсетување на една од легендите на Арсенал - Роберт Пирес.
Роберт Пирес е роден 1973 година во Ремс, Франција.
Во 2000 година потпишува договор со Арсенал за сума од 6 милиони фунти. Пирес доаѓа на местото на Марк Овермарс, кој истата сезона потпишува за Барселона за тогаш рекордни 25 милиони.
Вкупно бележи 189 настапи и 62 гола. Пирес беше дел од „Непобедливите“ во сезоната 2003/2004 и тој игра една од клучните улоги за освојувањето на титулата таа година. Таа сезона тандемот Пирес-Анри резултирал со дури 57 гола во сите натпреварувања.
Пирес исто така е дел од неславното финале во ЛШ, 2006 година, кое заврши уште понеславно за него, бидејќи мораше да биде заменет по црвениот картон на Леман.
Тоа е последната сезона на Пирес како топџија. По заминувањето, кариерата ја продолжува во Виљреал каде минува 4 години и од каде летоска заминува како слободен играч. По неколку месечните тренинзи во Лондон со својот поранешен клуб Арсенал, Пирес пред десетина дена потпиша договор со Астон Вила. И веќе во сабота судбината сакаше повторно да се сретне со Арсенал. Овој пат Боби ќе игра за другата екипа. Се надевам дека ќе го видиме уште на стартот и дека ќе биде топло отпоздравен од навивачите на Арсенал.
Збор-два и за натпреварот.
Арсенал и Астон Вила меѓусебно имаат одиграно 179 натпревари, од кои Арсенал победил 71, Вила 64, а 44 натпревари завршиле со нерешен резултат.
Арсенал повторно игра порано од ривалите и добива втора шанса со победа барем накратко да се искачи на првото место на табелата.
Вила се одличен тим кој знае да ги искористи шансите. Исто така го имаат според мене еден од најдобрите голмани во Премиер Лигара - Бред Фридл. По натпреварот против Манчестер пред некое коло, сфатив дека можеби го имаат истиот проблем како нас. При водство од 2:0, за 12 минути успеаја да примат 2 гола и да изгубат драгоцени поени (како и да ги изнервираат навивачите на Арсенал). Сепак моментално и болницата на Вила е преполна и Улие изјави дека зимскиот преоден рок ќе бидат принудени да купат двајца играчи. Повредени: Петров, Рио Кокер, Хески, Делф, Кару, Куељар, Кларк, Беје, Сајдвел, Колинс и Олбрајтон. Според официјалниот сајт на Вила, постои шанса Кару, Колинс и Беје да се вратат за дуелот против Арсенал.
Кај нас покрај стандардните отсутни: Фримпонг (лигаменти), Дијаби (зглоб) и Вермален (црна магија), се придодаваат и новите повреди на Цеск и Ебуе. Прогнозата за Ебуе не е добра, со оглед на тоа што пишува дека може да бидат 4, 6 или 8 недели. Првобитната проценка за Цеск е две недели, но се чека на резултатите од денешниот скен. Клиши има повреда на грбот, но најверојатно ќе биде фит за сабота. Ремзи и Алмунија веќе не се повредени и изиграа по едно полувреме за резервите. Сепак мислам дека нема да настапат во сабота.
Тип за состав?
Се надевам дека момците ќе дадат сѐ од себе во сабота и дека ќе им докажат на сите дека овој тим има капацитет за титули.